Дали некогаш сте имале прилика да го видите ремек-делото на русинката Ekaterina Panikanova? Неверојтна моќ на умствена трансформација создадена во Рим, преку сегментирана текстура на сликарство, поставена врз стари книги. Ефектот е богат и длабок, истовремено чуден – но, пријатен. Кога се набљудува нејзинито дело, се доаѓа до чувство дека уметникот игра со непозната тензија со прекрасен израз, каде отворените книги се отворени светови кои со душа чекаат да ја прегрнат уметноста. Слоевит приказ кој се шири врз книгите, документите и списанијата резултура во уметничко дело кое ја замаглува линијата помеѓу сликарството, илустрацијата и колажот.
Родена во Санкт Петербург во 1975 година, Panikanova дипломира како првенец на генерација на Академијата за ликовни уметности и веднаш потоа, отвора сопствено студио каде што твори пет години. Подоцна се сели во Италија, каде што живее и работи во своето ателје во Рим.