„Мајки и ќерки“ е серија фотографии на Julie Fullerton-Batten, преку која таа ја илустрира поврзаноста и односот меѓу мајките и нивните ќерки. Таа користи вистински мајка – ќерка личности, наместо модели со цел да го претстави односот на најоригинален начин.
„Јас само ги фотографирам, тие се оние кои го создаваат својот мал свет заедно, во исто време ги оживуваат сеќавањата на односите во моето семејство; односот и поврзаноста со мојата мајка, меѓу мене и моите две сестри.“
Односот мајка – ќерка е циклус кој го менува својот интензитет и насоченост, што може да се забележи од фотографиите; како бебе, ќерката е целосно зависна од мајката, но со менување на возраста мајката се претвора во зависниот субјект од поврзаноста мајка – ќерка се со цел одржување една емоционална рамнотежа.
Погледнете и мајки и нивните ќерки – модели и потсетете се што научивме од мајките…