Silvia Grav, фотограф од Мадрид, ни овозможува надреален поглед на светот. Таа манипулира со монохроматски фотографии на човечки фигури на еден неконвенционален начин. Во алтернативниот универзум на фотографот постои постојана спротивставеност на човечкото тело и универзумот. Младите жени се помешани со галактички слики. Преку умешната игра со светлината и сенките, овие фотографии од бизарни и морничави преминуваат во мистериозни и занесни.