Ако некогаш сте се почувствувале збунети од книжевниот жаргон што го користат издавачките куќи, тука е Abebooks за да Ви објасни, како што тоа го направи со описот на мирисот на старите книги. Ова видео служи за детализација и демистификација на терминологијата затекната во деловите на една книга – вклучувајќи го нејзиниот ‘рбет, табели, блокови, библиографија и слично. Впрочем, нивниот youtube channel изобилува со видео-записи кои во себе вклучуваат интересни теми, дескрипции и поводи за разговор во книжевните кругови. Овој пат, се концентрираме на книгата како организам: секој дел од телото со своја намена!