Дали некогаш сте посакале како дете да уживате гледајќи во облаците, истражувајќи ја нивната форма; да се потсетите на времето кога успевавте да видите слон или мравка на небото, односно да видите облак чија форма Ве потсетува на нешто.
Брзиот начин на живот не спречува во малите уживања како бесцелното зјапање во небото, се поретко погледнуваме кон небото освен ако не е мрачно па ја креваме главата за да видиме колкава е веројатноста за да заврне. Токму поради тоа ние Ви нудиме прекрасни фотографии од разни форми на облаци; уметнички дела креирани од небото.