Како што многупати досега се уверивме дека Направи сам проектите најмногу ги интересираат девојките, овој пат спремивме нешто навистина прекрасно за нив… 3 чекори до стекнување епитет „кралица на подиумот за танцување“!
Потребно Ви е:
– чифт чевли со висока потпетица
– лепило
– четка во облик на сунѓерче
– светки во боја, по Ваш избор
Најпрвин, осигурајте се дека чевлите се чисти – следен чекор е да поминете со лепилото по целата површина на чевлите, нанесувајќи рамномерно. Откако ќе го прекриете целиот чевел со лепило, почнете да истурате светки врз нив (корисно е онаку каде што се појавуваат нерамномерности, да ги средите со рака). Повторете ја постапката и со другиот чевел. Оставете да се исуши. По неколку часа, отстранете го вишокот светки со рака. Вашите нови гламурозни високи потпетици се спремни да завладеат со Вашето излегување! Совет плус: истата постапка може да ја направите и со обична мини-чанта, за комплетирање на изгледот.