Доколку сте вљубеници во цвеќињата ви прикажуваме интересен проект, кој ќе го украси вашиот двор или тераса, а ќе ви одземе малку време.
Потребни ви се:
– (глинени) сакси во различни големини
– спреј
– дупчалка / нож
– арматура
– цвеќиња
– хумус
Одберете ги саканите цвеќиња за садење. Издупчете ги саксиите и испрскајте ги со спреј за да ја добиете саканата боја.
На саканото место поставете ја подлабоко во земјата арматурата. Од како ќе се исушат саксиите, почнете на неа да ги редите почнувајќи од најголемата кон најмалата и накривувајќи ги по избор.
Од како ќе ги наместите, наполнете ги со земја и засадете ги цвеќињата.
Вашиот проект е завршен. Чувајте ги со љубов.