Нема ништо поубаво од едноставен Направи сам проект. Што Ви е потребно? Избор на лакови за нокти и малку време… тоа се состојките кои ќе Ви помогнат да дојдете до Вашите стилизирани клучеви (а патем, ќе Ви помогнат полесно да разликувате кој од нив е од влезната врата, автомобилот, канцеларијата). Чекорите се без дополнителна филозофија – останува да погледнете на фотографијата во прилог:
А доколку времето не Ви претставува проблем, а патем располагате со вешти раце низ кои минува креативноста, имаме и други предлози за Вас.. клучеви во облик на гитари, романтични картички, па дури и Angry birds мотив!