„На плажа“ е серија фотографии на американскиот фотограф Richard Misrach, чија цел е да не потсети колку сме мали во однос на светот. Misrach ни нуди поглед од птичја преспектива на луѓе кои изгледаат како мали фигури во рамките на бесконечен пејзаж. Предизвикувајќи чувства на изолација и осаменост, Mirsrach сака да не потсети на индивидуалната ранливост на секој поединец во овој свет.
Безличните фигури не се во својство на поединци, туку како претставници на човештвото. Океанот е бездна во која сурферот плови бесцелно, а песочните плажи изгледаат како огромно немерливо море од стапки.