„Ова е книга што прави да се огледате на неа, да ја сфатите нејзината порака на таков начин што ќе се идентификувате бидејќи сте биле жртва на нечиј суд, нечие разочарување, сте поминале низ големи пречки во животот и сте ги победиле стравовите со тоа што сте се соочиле со нив. Сметам дека секој може да се поврзе со оваа низа на позитивни мисли.“
– Library of Clean Reads, Amazon Top 500 Book Reviewer
Да ја имате оваа книга на Вашата полица е исто како да имате лично упатство за користење на животот, спремно да Ви помогне да го пронајдете патот кон дома, кон среќата. Цитатите кои се достапни во истата изнаоѓаат начин да пенетрираат во Вашето его и да го трансформираат на таков начин што ќе Ве упатат кон познатите емоции кои одамна сте ги закопале во себе. Сте ги закопале на местото каде значајната мисла и длабоката емоција се соединети – така, Вашата маска постепено ќе се намалува, егото ќе бледее, а Вие… Вие ќе сте задоволни со тоа колку прекрасно човечко суштество во суштина сте.