Денес, пред да помислите да кажете нељубезен збор – помислете на некој што не може да зборува.
Пред да се пожалите на вкусот на Вашиот ручек – помислете на некој што нема што да јаде.
Пред да кажете лош збор за Вашиот партнер – помислите на некој кој страда што нема сопатник низ животот.
Денес, пред да се пожалите дека живеете лошо – помислете на некој кој прерано отишол во рајот.
Пред да им се развикате на Вашите деца – помислете на некој кој посакува деца, но не може да ги има.
Пред да се пожалите на нечистиот дом и неуредноста на Вашето семејство – помислете на бездомниците кои стојат на дождот.
Пред да негодувате за брзината со која се движите во Вашиот автомобил – помислете на некој кој таа далечина ја минува пеш.
И кога сте уморни и кога се жалите од Вашата работа… помислете на невработените, неспособните и оние кои посакуваат да ја имаат Вашата работа.
Но, пред да помислите да покажете на некого со прст – запаметете дека никој од нас не е безгрешен, туку напротив; секој еден од нас е лесен таргет на грешки и гревови.
И кога имате депресивни мисли кои само Ве онерасположуваат – насмејте се во себе и заблагодарете му се на Бог што сеуште сте живи.
Животот е подарок: живејте го. Уживајте го. И исполнете го.