Со воодушевувачки глетки на пацифичкиот брег на Мексико, ,,Casa Dos Chicos” e раскошно дизајнирана вила за одмор и вистинска оаза на задоволствата. Со впечатливата портокалова фасада, вилата е издигната на три нивоа на кои се наоѓаат 4-те апартмани со различни приказни, до кои водат тиркизните скалила. Во вилата со уникатен дизајн доминираат јаките бои и фанки амбиентот во внатрешноста, а од преубавата цветна градина со климатизиран базен и релаксирачки катчиња опкружени од палмовите дрвја, како и живописните пејсажи во околината, застанува здивот кога се набљудува надворешноста. Вилата е со вкупна површина од близу 280 метри квадратни, од кои најголемиот дел се целосно отворен простор, низ кој продира свежиот воздух, светлината, звуците на океанот и природата, со поглед од 360 степени на се она што овој топол крај има да го понуди. Во рамки на комфорниот отворен простор се интегрирани дневната соба, трпезаријата и кујната, целосно екипирани со услови и поволности за неверојатен одмор, функционални и естетски уредени со допири од дрво, бамбус и мноштво колоритни додатоци и декорации, а драматично поврзани во една целина со мостот кој минува над градината. Единствените простори оградени со ѕидови се спалните соби, секоја дизајнирана со поинаков концепт и посебни бањи, со релаксиран амбиент, поради белата боја која е основа на ѕидовите, но, и разиграност, поради многубројните декорации и украси во интензивни бои и романтичниот дрвен мебел. На нив, магично се надоврзуваат терасите со фасцинантните видици од височините на вилата со безброј можности.
Колоритна тропска вила | Casa Dos Chicos
Вистинска оаза за одмор и релаксација, со комфорен амбиент и изобилство од бои.