Што имаат заедничко една кошничка за пикник, една репка, неколку гравчиња и една каша? Одговорот е: тие се главни улоги во една убава народна приказна, со наслов „Празнични јадења: Книжевен готвач“, дело на Џејн Јолен, напишано со асистенција на нејзината ќерка Хајди Стемпл за да создадат збирка на приказни и рецепти за храна, кои се суптилно вклучени во истите. Се сеќавате на Вистинскиот Готвач? Ова е нешто поуникатно…
Од најраните денови на приказните, кога ловците се враќале дома за да им раскажат на своите семејства што доживеале, додека се гостеле околу камперскиот оган, па се’ до кралските замоци и исполнетите маси за време на баловите – вели Јолен во воведот посветен на оваа забава и некарактеристична книга. Само како раскажувач, таа ги променува и прилагодува приказните со согласност намената на нејзината книга, така што се поставува во улога на готвач кој умешно го селектира готвењето во најпознатите приказни, адаптирајќи ги на сезоната, времето, возрастите и вкусовите. Така што, таа успева да постави веродостојна врска помеѓу храната и приказните.
Како книга со рецепти, „Празнични јадења: Книжевен готвач“ е поделена во пет дела: 1. појадок, 2. ручек, 3. супи, 4. вечера и 5. десерти. Дваесет приказни, вклучувајќи ги и старите добри „Црвенкапа“, „Џек и гравчето“, „Пепелашка“ и многу други – се’ со цел да шармираат со вкусна проза и поттик за неколку умешни движења во кујна. Тимот составен од мајка и ќерка ветува значителна доза на забава во овие бајковити рецепти: состојките и методите се јасно утврдени, придружени со родителски надзор, сепак, овие рецепти може највеќе да им послужат на најмладите готвачи. Издржаната количина на факти и врски помеѓу храната и приказните е достапна на маргините на секој од рецептите, кои се надополнети со илустрации на Филипе Беха. Извонредните цртежи со весел акварел уште повеќе го дополнува детскиот хумор и додава еден совршен том на готвачот како целина. Високо препорачлива и високо применлива, оваа книга е совршен подарок за Вашите мали гурмани-библиофили!