Црно – бели фигури, толку реално претставени на улиците во Норвешка, дело на Anders Gjennestad, познат како Strok. Тој ги користи сите видови на визуелни трикови, вклучувајќи искривена преспектива и сенки за да произведе илузии на луѓе кои шетаат по ѕидовите.
За Strok, платно за сликање му претставува ‘рѓосан метал, дрвени палети, ѕидови или стакло. На фотографиите е претставено дело насликано на ѕид во Porsgrunn, Норвешка.