Никогаш доста од украсни перничиња – за денес, нашиот предлог е навистина едноставен и краткорочен, бидејќи станува збор за цртање, сечење, лепење. Се’ тоа за неверојатно освежување на Вашата соба и разбивање на монотонијата во просторот.
Потребно Ви е:
– перниче во стандардна величина
– лепенка за ткаенина
– ножици
– маркер
– пегла
Нацртајте облик на срце врз лепенката за ткаенина. По контурите, започнете да сечете. Без да го отстраните заштитниот дел од лепенката, поминете врз истата која ја поставивте врз перничето, неколку пати. Откако ќе забележите дека лепенката практично се залепила, може да го отстраните заштитниот слој. Постапката може да ја повторите со други форми и бои.