„Мојата неверојатна ќерка Ема наполни 5 годинки минатиот месец и јас бев во потрага на креативна инспирација за серија од 5 фотографии за нејзиниот петти роденден…“.
раскажува Jamie Moore, додека истражувала трендови во фотографирање и облекување за мали девојчиња. „95% од идеите беа концентрирани околу тоа како Вашето девојче да изгледа како Disney принцеза, додека се натерав себеси да размислувам… тие се само фиктивни ликови, една нереална фантазија наспроти мојата идеја за вистинските жени кои навистина го сменија светот кон подобро.“ Ема не е родена во кралското семејство, но е родена во земја во која може да гласа, да стане доктор, пилот, астронаут… па дури и претседател, ако таа го сака тоа! Moore избира 5 жени, 5 неверојатни жени во историјата кои би требало да бидат стандарден репер за сите девојки ширум светот.
Серијата фотографии носи наслов „Not just a Girl“, а завршува во слатката Ема во улога на Ема. Со сите можности кои светот ѝ ги нуди!