Како по рецепт, сите наши креативни предлози по повод зачинување на Вашата лична библиотека се еднакво динамични, уникатни и специфични. Отидовме дури до тој степен што Ви презентиравме Направи сам – Триаголна полица за книги! Но денес, овој предлог изработен од Jongho Park е нешто навистина свежо и интелигентно…
Обична иверица од бреза, многу љубов кон ентериерот и детско чувство на безбедност со книгите (да не претеруваме, во концептот е вметнат и квадратен облик на лесен метал) за да се добие една иновативна полица во форма на „означено“ каде книгите, дизајнот и мебелот се среќаваат во една точка. Одличен начин да им дадете важност на Вашите „означени“, омилени книги.