Ако има нешто за што Џеј Гетсби се залагаше, тогаш тоа беше капитализмот – додека светот чека на премиерата на филмската адаптација на големиот роман потпишан од Скот Фицџералд, сета возбуда ја концентираме околу неколку предлози за животен стил на висока нога, со печат на овој класичен американски роман. Од накит до кутија за влажни марамчиња, во продолжение, ќе најдете неколку интересни детали за внесување литерартурен ефект во секоја сфера на живеењето.