Наратор во жалење, вечна непребол и репетиција на „Nevermore!“ – симболика на едно црно сушстество, во црната ноќ со црно срце поради љубовно страдание. „Гавранот“ на Едгар Алан По е можеби најпознатата љубовна поема на XIX век, која подоцна станува идентификациона литературна категорија на сите несреќни љубови и јадови. Во знак на жалост, оваа марама на која стојат лиричните делови на По во бела боја на црна површина е совршен мотив за освежување на стилот на еден уникатен, книжевен начин; без притоа истиот да означува несреќа и тага. Од креаторите на марамата во „Гордост и предрасуди“ стил, доаѓа и „Гавранот“ во моден детаљ.
„Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ!
Речи и на мојва душа, која јадови ја гушат,
дали повтор ќе ја гушка Ленора со вљубен взор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?“
Грак се слушна ”Nevermore!“




