Хичкок – господар на визуализирањето на секоја замисла и создавање на приказна, конструирана да манипулира со емоциите на гледачите, да ги држи во неизвесност до последната минута. Токму тоа го инспирирало Martin Sichetti да создаде слики врз основа на филмовите на Хичкок.
„Ова е она што ми се допаѓа од Хичкок, хуморот. Ракавици, куфери, клучеви и други предмети во моите слики се заробени во мек фокус со раце, нозе и врат; само идентификатори на безлични карактери.“