Барајќи одговор за вистинското пријателство, потребен е одговор на прашањето:
-Што е пријател?
Не можејќи да се добие еден одговор, истото прашање е преформулирано:
-Колку видови пријатели има?
Еден мудрец на тоа одговорил:
-Четири. Некои се како храната, секој ден имаш потреба од нив. Други се како дрога, ти создаваат зависностг, ги бараш само кога ти се потребни и ти влијаат лошо. Има и такви како болестите, доаѓаат кај тебе кога не ги очекуваш. Но, има и пријатели како воздухот, не ги чуствуваш, но секогаш се со Вас… Последните се тие кои ти се вистински пријатели.