Проект наречен „Zero Gravity“, дело на Nikolay Tikhomirov, фотограф од Москва. Драматични фотографии во кои доминираат женски фигури кои лебдат во воздухот. Креативни надреални светови на Nikolay, претставени преку фотографиите, спој меѓу сонот и јавето.
Препуштени на имагинацијата на фотографот, во овој случај создавачот на нови светови, се добива впечаток дека секоја жена е препуштена на тој свет, го прифаќа недостатокот на гравитација и ужива во мирен сон.