Серија фотографии под наслов „Half – Drag“, дело на Leland Bobbe, фотограф од Њујорк. Мажите ја имаат главната улога во оваа серија, со тоа што како и повеќе уметници, така и Leland верува во постоењето на алтер – его кај секоја личност. Преку моќта на шминката, мажите целосно се трансформираа и ја пронаоѓаат женската страна во себе истовремено зачувувајќи ја и својата машка страна, овозможувувајќи ни можност да направиме разлика.
„Секој има свое алтер – его, ако во целина еден пар, маж и жена се две половини; жената – поубавата, а мажот – посилната, некаде внатре во личноста се случува истата поделба.“