Се ближи Велигден и бојадисувањето на јајца се претвора во вистинско уживање. Предизвик за сите е да направат што е можно поубави јајца. Ние денес Ве потсетуваме на начин на бојадисување на јајца по рецепт на нашите баби; не Ви е потребна боја, а ни никакви кулинарски или уметнички способности, доволно е само желба и дел од Вашето време.
Потребно Ви е:
-лушпи од кромид;
-разни листови (магдонос или нешто слично, по Ваша желба);
-хулахопки
Чекор 1. Поставете ги листовите врз јајцата, по Ваша желба.
Чекор 2. Јајцата со поставените листови ги обвиткуваме со дел од хулахопки.
Чекор 3. Врзуваме во јазол.
Чекор 4. Со помош на игла ги исправуваме листовите, доколку тоа е потребно.
Чекор 5. Ги вариме јајцата заедно со лушпите од кромид.
Чекор 6. Откако јајцата ќе се сварат, ги вадиме и ги отстрануваме листовите… и готово, нашите јајца се готови.