Многу филмови, различни приказни, тематики, многу филмски остварувања во текот на релативно долгата историја на филмот. Исцрпувањето на идеите е невозможно, креативноста и човековата фантазија нема крај, нејзината бесконечност е очигледна. Сепак, одредени идеи се преклопувааат, што и не е недозволено, создавањето на продолжение на добрите филмови или обработките на добро познатите класици се прифатени од сите вљубеници во филмот.
Доколку уживате во филмот како седма уметност, сигурно досега сте забележале дека постојат некои сосема различни филмови, меѓусебно неповрзани, но во кои провејува една иста порака, односно на „оригинален“ начин приказните наликуваат една на друга.
Ние Ви нудиме листа на филмови кои носат иста порака или тематика, иако истата е претставена на различен начин може да се сумира во една реченица, заедничка за двата филма.
Mrs. Doubtfire \ Taken
Татковата љубов е огромна. Таткото е спремен на се’ за своите деца.
Toy store / Cowboys and aliens
Каубојот мора да се справи со непожелните вонземјани.
Gran Torino / Up
Кога старите се разочаруваат од заедницата, се спријателуваат со младите.
Hannah Montana / Fight club
Животот на херојот е ставен на тест во моментот кога неговата алтернативна личност добива на значење.
Star wars / Harry Potter
Дете – сираче поседува магична моќ и го спасува светот.
Space jam / The hunger games
Личност се бори за слободата на неговиот/нејзиниот народ користејќи ја моќта на убедување на самиот народ да верува дека е доволно силен да ги победи своите непријатели.
Olympus has fallen / Mall cop
Посрамен професионален чувар се покажува како достојна личност, откако тој станува единствениот кој може да спаси група на заложници.
The litlle mermaid /Avatar
Херој оди во друг свет, со ризик да ја изгуби титулата херој, ако одлучи да остане таму.
Mean Girls / Social network
Аутсајдер се труди да се вклопи во новата средина, отфрлајќи ги оние кој најмногу го сакаат.
The lord of the rings / Cast away
Еден човек оди на долго патување за да испорача пакет.