Kazuki Takamatsu е уметникот чие име стои зад овие монохроматски слики. Девојки претставени со мистериозна убавина, со совршена мешавина на детска невиност и морничави симболи на смртта. Целта на сликите е претставување на емоционалните аспекти на јапонското општество.
„Моите дела се инспирирани со измислената форма на смртта… метафора за луѓето кои го загубиле својот углед и почит во општеството.“
Креирањето на овие дела е комплицирано; најпрвин тој создава груба скица со молив или пенкало. Откако неговата идеја ќе се развие, создава дигитална датотека со повеќе пресеци, додавајќи градации на светлината и темнината. После уште некои обработки настануваат овие прекрасни монохроматски слоеви кои формираат некој вид на топографска карта на секое дело.
„Секој има болка и проблеми. Кога некој ќе почуствува болка, тоа го прави повеќе да сочувствува со другите и е доказ за неговиот личен развој. Токму во тој развој се состои убавината на човекот.“