Она што во инстант ќе се забележи од страна на библиофилите кога првпат влегуваат во нечиј дом е несомнено, дали сопственикот на истиот поседува книги. Подоцна, второ на нивната листа е како се тие уредени, односно дали им е пружена сета почит и внимание. Но, она што дефинитивно ќе им го зароби интересот е полица од типот на Pagina – производ на италијанската компанија Cassina, од страна на Jean Louis Berthet и Denis Vasset врз база на еко-систем, каде што е извршена имитација на отворена, гигантска книга.
Станува збор за две полици, кои кога се поставени заедно даваат илузија на книга – едната страница лево, другата десно. Направена од лакирано дрво, достапна е во две бои: бела и темно сина, каде истата го добива сиот акцент независно во кој простор ќе ја поставите.