Улиците, особено за време на сообраќајниот метаж се навистина здодевни. Дел од секојдневието, едно сивило, кое го има во изобилство во големите градови. Peter Gibson е уличен уметник кој сака да го разубави тоа сивило во Монтреал, претворајќи ги улиците во огромно платно.
Огромно гнездо, отпечаток од чевел, риба, лушпа од банана или едноставно огромни приклучувачи; се дел од неговите дела кои им даваат поинаков изглед на улиците во Монтреал. Што мислите му недостасува ли ваков вид на уметност на Вашиот град?