Роден во Лаос, со моментално живеалиште во Франција, Van Tame е сликар кој инспириран од динамичниот живот на улиците во Лондон и Њујорк создава прекрасни слики. Слики кои ја отсликуваат енергичноста на улиците во големите метрополи. Полни со живот ни овозможуваат да го почувствуваме движењето и брзото темпо на живот, без да направиме ни чекор.
Van слика на големи платна, просечната големина изнесува околу 4×3 метри. Користи силни бои и заматени форми кои го доловуваат чувството на одредено место без потреба од посебен детал.