Добрите девојки секогаш водат дневник. Лошите едноставно, немаат време за тоа. Зафатени се да ја сервираат одмаздата студена…
Интересен спој на страсни емоции и фотографски финеси за создавање на можеби најинтересниот приказ на одмазда кој некогаш сте го виделе: девојка го чува своето бившо момче во својот фрижидер! Можеби станува збор за неконвенционален израз на македонска романтика, судејќи по нејзиниот автор, Виктор Стоимиров.