Како по правило, Направи сам проектите се врзуваат за креативните способности на девојките и нивната вечна потреба од реупотреба и поправање на нештата. Овој пат, повторно настапуваме со интересна идеја која ќе им вдахне живост на сончевите пролетни денови – независно дали ќе послужи како украс на Вашата плетенка или опавче, или ќе одлучите да го носите наместо алка.
Во прилог, на сликовит начин се претставени едноставните чекори за создавање на Вашиот уникатен цветен стегач. Се’ што Ви е потребно е малку материјал, украсно копче и малку имагинација…
Кој вели дека убавите работи се достапни само по бутиците за аксесоари? Вашите Направи сам проекти имаат особена привлечност бидејќи во нив вложувате своја инспирација и оставате свој печат!