Предводен од „Изгубениот симбол“ на Ден Браун, криминалистичкиот тренд кај книжевната побарувачка во Велика Британија и општо во светот; овој жарн наречен криминал, владее во библиотеките. Криминалистичките романи се највеќе позајмувани во текот на 2010 и 2011, а за нијанса помалку и во 2012 година – каде, освен Браун, читателите знаат да побараат нешто од Џејмс Патерсон или Ли Чајлд. А и најпознатата авторка на крими-романи, Агата Кристи, не е изоставена од оваа листа.
Теории на заговор, нанижан низ од лаги и ефекти на крв – човечкото око секогаш е љубопитно за откривање на нештото кое по правило би требало да е скриено, во расветлување на тајните кои треба да останат закопани; иако истите сцени се одвиваат на испечатени листови!
Споредувањето на овие резултати со статистиката на крајот на 20тиот век, BBC вели дека ситуацијата била поинаква пред една деценија: додека во почетокот на новиот век доминирала побарувачката на љубовни новели од листата на бестселери, денес драстично е изменета по патеките на трилерот, измамите и криминалот. Адреналинот кој се лачи по повод овие стории е од непобитен карактер, а човечкиот куриозитет при следење на изобличеноста на човечкиот ум е задолжителна категорија. Особено кога станува збор за микс од уметнички, културни, политички елементи инкорпорирани во самата приказна.
Дали читателите се изморија од љубовните клишеа или не, на сметка на крими-романите е здобиена неочекуваната популарност со следниот одговор – луѓето сакаат детективски стории бидејќи на крајот, сепак победува законот.