Пет годишно момче влезе во аптека. Во раката цврсто држеше неколку парички. Ги подаде рацете кон аптекарот и со искрен детски глас, полн со надеж рече:
– Ги имам само овие парички. Доволно ли е да купам чудо со нив?
Аптекарот изненаден од прашањето и збунет од погледот на момчето праша:
– Зошто имаш потреба од чудо?
Момчето со солзи во очите одговори:
– Бидејќи докторот рече дека само чудо може да и помогне на мама…
Аптекарот го погледна момчето, посака да го прегрне и да заплаче со него, но собра сили, се насмевна и одговори:
– Твојата мајка веќе има чудо, те има тебе!