Еден краток преглед на универзалната уметност преку мобилен концепт за посета на музеи и уметнички галерии, се’ со цел да се направи достапно и интерактивно доближување до постоечките и идни посетители. Едно неверојатно искуство кое се адаптира на разнообразните потреби, сега е моментот да им се каже „збогум“ на старите аудио презентации.
Креаторите на овој концепт сметаат дека Universal Art има визија да го измени здодевниот уметнички свет преку најдоброто уметничко искуство кое може да си го замислите, независно каде се наоѓате. Мал тим од Париз ја промовираше оваа идеја токму овој месец, каде сеуште се работи на прототипот и се цели кон соработка со сите музеи, галерии и инвеститори.