Убавиот старт на април се надеваме дека не означува прво-априлска шега на која кисело ќе се смееме во текот на месецов – но, како и да е, овие пародии од познати книги се повеќе од реална причина да се насмеете денес. Некои од нив се веќе излезени во печат, додека другите се плод на имагинацијата на читателите. Набоков рекол:
„Сатирата е лекција, пародијата е игра.”
Интересни наслови со уште поинтересна содржина која ветува насмевки и заразно смеење: да почнеме со Готвачот за 50 нијанси на кокошка? Која од нив највеќе Ви се допаѓа и која реално би ја читале – споделете со нас во коментар… Ова е само доказ дека и библиофилите знаат да се пошегуваат!