Затоа појди со мене, каде соништата се раѓаат, а времето не е никогаш планирано. Само размислувај за среќни нешта, и твоето срце ќе лета на крилја, засекогаш, во Недојдија!
Одбележувајќи точно 60 години од појавата на анимираниот филм, и повеќе од еден век постоење на приказната за црвенокосото момче кое никогаш нема да порасне, ве потсетуваме зошто животот е секогаш најубав кога се гледа со детско срце. ,,Petar Pan” е 14-тиот филм од серијата класици излезени од студиото на Дизни, продуциран во 1953-тата година, и една од многубројните адаптации на истоименото дело од Џејмс Метју Бари. Филмска фантазија, која низ несекојдневната авантура и патот до Недојдија на вечното дете Петар Пан, Ѕвончица, Венди и сите останати детски херои, веќе 6 децении ја испраќа пораката зошто и како никогаш да треба се изгуби детето во себе. И покрај големиот временски јаз, се’ уште е симбол за идентификување на сите модерни Петар Пановци за кои, без оглед на годините, пораснувањето е сепак само опција. Издвојуваме дел од поуките, мудростите и најубавите цитати од оваа безвремена филмска сторија.