Собирајте ги хартиените држачи за тоалетна хартија и создадете прекрасно дело за на ѕид. Едноставно, а прекрасно и најважно; Ваше дело!
Потребно:
- Хартиени држачи од тоалетна хартија ;
- Ножици;
- Лепак;
- Спреј во боја.
Чекор 1. Исечете ги хартиените држачи за тоалетна хартија (како на сликата).
Чекор 2. Почнете со спојување на деловите, за да добиете цвет како на сликата или на некој друг начин по Ваша желба.
Чекор 3. Споениот дел ставете го на подлога и испрскајте го со спрејот. Внимавајте да го обоите целиот.
Чекор 4. Почекајте да се исуши бојата и спојте ги сите делови.
Готово, може да го закачите каде ќе посакате. :)