Во денешниот направи сам предизвик, ви претставуваме како со малку издвоено време и минумум материјали можете да создадете уникатна алка со впечатлив ефект. Потребни ви се само парче синџир и волница (или друг сличен материјал за везење / плетење) во различни бои, малку креативност и визија, и можете да се впуштите во креирањето на уште еден интересен и тренди моден детал.
Потребно ви е:
– синџир и додатоци за сврзување
– волница во разни бои
– обични шноли за коса
– ножици
Начин на изработка:
Најпрво, прилагодете го синџирот на обемот на вашата рака, и поставете ги додатоците за сврзување. Од волницата издвоете две целини со должина барем 3-4 пати поголема од онаа на синџирот, а за дебелината и боите комбинирајте по желба. Врзете ги на едниот крај, оствајќи нешто повеќе од 2,5 цм растојание од врвовите до јазолот, и издвоете ги двете целини со шноли за коса, за полесно и поедноставно да ги сплетете на синџирот. Потоа, едната целина протенете ја од долу во првата алка на синџирот, и извлечете ја од горната лева страна. Со втората целина поминете над првата, и повторно протнете од долу во првата алка и извлекувајќи кон горе. Прејдете на втората алка, повторувајќи ја истата постапка, и наизменично со двете целини направете плетенка до последната алка. По завршувањето, сврзете ги уште еднаш двете целини во јазол, и со ножица исечете го остатокот, повторно оставајќи барем 2,5 цм растојание. Вашата уникатна алка е подготвена за носење.