Ако личноста има грди мисли, истите ќе почнат да се рефлектираат на нејзиното лице. И кога таа личност ќе почне да има грди мисли секој ден – да ги негува, да ги храни секој ден во месецот, секој месец од годината; лицето станува се погрдо и погрдо додека не постигне изглед кој сите ќе посакаат да го одбегнат.
„Душата станува обоена со бојата на нејзините мисли.“
– Марко Аврелиј
Додека личноста која што има убави мисли никогаш нема да биде грда. Може да имате неправилен нос или тенки усни, можеби подбрада или несовршени заби – но, се додека имате убави мисли тие ќе зрачат од Вашето лице како извор на позитивна енергија и секогаш ќе бидете сметани за пријатно друштво и со широки раце прифатени од околината.