Еден од креативните начини да се изразите себеси во однос на Вашите блиски, е секако, разноликиот број начини да им ставите до знаење дека Ви значат. Како вљубеници во минималистичкиот стил, атмосферата која Ви ја ветуваме по овој Направи сам проект ќе биде достојна за сиот труд. И за сиот восхит кој ќе го прочитате на лицето на Вашиот партнер ако го подготвите ова како изненадување…
Потребно Ви е:
– тенка ткаенина во димензии на ѕидот кој сакате да го прекриете
– лепило
– боја за ткаенина
– тенка и дебела четка
Со литературата како инспирација, изборот на текст Ви го препуштаме Вам (но, внимавајте на ракописот, важно е да биде читливо) – откако внимателно ќе ја залепите ткаенината на ѕидот, најпрвин со молив ќе ги напиште избраните зборови, а потоа ќе поминете врз нив со тенка четка натопена во боја. Наша препорака е да не користите само еден слој црна боја и да играте со неправилниот изглед на буквите. Оставете да се исуши пред да го направите целосниот редизајн во Вашата спална соба. Малку детали во впечатлива боја не се на одмет!