Прекрасна и невообичаена идеја за уредување на домот на Hironaka Ogawa & Associates, имплементирана во дом во Kagawa во Јапонија. Во дизајнот на ентериерот се вклучени две дрвја, кои му даваат поинаков изглед на домот. Иновативно, креативно, несекојдневно, но со софистициран изглед. Ogawa го објаснува процесот на реновирање: „…дрвјата ги искористив како главни структурни колони во центарот на дневната соба, трпезаријата и кујната… и го постигнав она што го сакав: модерен изглед со дел од природата.“