Современа винарска полица предвидена од Capolinea Design студио, еко-трговски бренд кој е основан од група италијански дизајнери на мебел. Компанијата користи еко-пријателски материјали од типот на рециклирана целулоза и картон – особено цевки од целулоза произведени за индустриски цели, кои повторно се употребуваат со цел да остварат висок квалитет и издржлив дизајн на предметите.
„Создаваме предмети кои сами по себе говорат за една можна иднина, предмети кои се способни да размислуваат од аспект на културата, на начин кој го дефинира новиот систем на вредности.“
Ова идејно решение со име „Вино и публикации“ е дизајнирана по филозофија на реупотреба: сите материјали се рециклирани и се финиширани на едно високо ниво. Може да служи за шишиња вино, книги и разно разни предмети. Произведено во Италија, достапно за он-лајн продажба.