Летните бои навлегуваат се повеќе и повеќе во машката гардероба. Оделото, едно од основните машки парчиња облека, секоја сезона дизајнерите осмислуваат како да го направат попривлечно и попрактично за секојдневна употреба. Сезоната пролет/лето 2013, целосното одело или барем дел од него (панталоните или сакото) во боја е голем тренд. Разиграјте ја вашата гардероба.