Графичкиот дизајнер Matt Innes во соработка со дизајнерката за мебел Saori Kajiwara ја реализираа идејата за типографска полица чиј финален изглед делува крајно едноставно и прекрасно. Слично на алфабет-полица каде реализацијата се разликува во поглед на материјалите и дизајнот, во овој случај дрвената конструкција ја покажува содржината на библиотеката на еден интересен и транспарентен начин, илустрирајќи го зборот „BOOKS“ како показател на нејзините резиденти. Совршено парче мебел за совршена библиотека!