Alex Lim е моден фотограф со седиште во Сиетл. Самоук, со желба за усовршување, тој никогаш не е задоволен со содржината и постојано работи за да ги прошири своите способности. Инспириран од музиката, природата, љубовта, како и жената верува дека страста е извор на енергија на успех. Се потпишува со логото „wing“ со што порачува дека само со огромен труд може да се „летне“ на поголема висина. Следниве фотографии се доказ за неговата оригиналност и умешност во неговата работа. Со наслов „Трн во око“, очигледно е зошто оваа серија на фотографии е магнет за погледи и слатка болка во очите на восхитувачите на фотографската уметност каде акцентот е ставен на женската убавина.