Сите ние сакаме книги – за читање, за уживање. За декорирање или фалење, навистина не е важно. Но, книгите секако успеваат да се најдат на кафе-масичките, автоматски изложени на ризик да бидат уништени од пијалоците кои стојат на масичката. Затоа ова идеја за двојна намена, дизајнирана од ehoeho studio создава ефект на однос помеѓу функционалноста и просторот. Како директен одговор на сите фрустрации за интересно дружење, но недостаток од простор! Книги, списанија, клучеви, лап топ – бочните отвори се расположени за било кој предмет, кој истовремено нема да Ви смета и ќе биде заштитен од несакани дејствија или погледи.