Tргнувајќи од потребите за нормално функционирање во мал простор, дизајнерите денес се соочени со предизвикот на креирање на корисни предмети со повеќе намени. Таков е случајот и со овој дизајн на компанијата Holse Wibroe, наречен едноставно DryUnder e превенствено надворешна маса со скриена втора намена – даска за сушење алишта. Совршен 2 во 1 дизајн наменет за штедење на простор во мали балкони, маса изработена од бамбусово дрво чиј горен дел се извлекува и се открива даска за сушење. Исклучително практично, зарем не?