Веќе е јасно дека независно од годините, важно е зошто се’уште читаме бајки. Констатираните бенефити од добра приказна без оглед на нејзиниот грозоморен извор секогаш ни дава чувство на одмореност, безбедност и надеж. По добриот пример на Дизни при метаморфозирање на најкултните бајки во совршени ремек-дела, сведоци сме на различни преформулирања и екранизации. Денес, со цел да ги вратиме бајките на секојдневен репертоар, нудиме палета цитати на познатите мислители низ времињата кои дале свое видување на моќта и влијанието на бајките. По она што го рекоа за книгите… знаете, не е сосема неточно дека животот некаде на средината од бурата ни сервира бајка…
„Ако сакате Вашите деца да бидат интелегентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелегентни, читајте им повеќе бајки.“
– Алберт Ајнштајн
„Во секој момент од нашиот живот, со едната нога сме во бајка – а со другата во бездна.“
– Пауло Коејло
„Бајките се повеќе од вистинити: не затоа што ни кажуваат дека змејовите постојат, туку затоа што ни ставаат до знаење дека змејовите може да бидат победени.“
– Нил Гејман
„Знаете дека сте заљубени кога некој ќе Ве натера да ја спуштите долу книгата со бајки и да почнете да ја живеете сопствената.“
– Хусеин Нишах
„Ако сум искрена, морам да Ви кажам дека сеуште читам бајки и ги сакам повеќе од се’.“
– Одри Хепберн
„Опседнати од бајките, ние го трошиме сопствениот живот во потрага по магична врата и изгубено царство на мирот.“
„Постои голема лекција во „Убавицата и ѕверот“ – дека нештото треба да биде сакано пред да увиди дека е способно да сака.“
– Џ.К. Честертон
„Секоја бајка има крвава поставеност. Секаде има некој со заби и канџи.“
– Алис Хофман
„Без одредена возраст, во сите времиња – прашање од огромно значење е дека бајките треба да се почитуваат.“
– Чарлс Дикенс
„Ако ја видите магијата во една бајка, може да се соочите со иднината.“
– Даниела Стил
„Во животот не постои среќен завршеток како од бајките. Но, за среќа – постојат многу бајковити моменти.“
– Трејси Вингар
„Самиот живот е најубава бајка…“
– Ханс Кристијан Андерсен
Ќе заклучиме дека бајките постојат се додека веруваме во нив, се додека им вдахнуваме живот читајќи ги, раскажувајќи ги. Никој не е претерано стар за да одолее на добра бајка. За крај, позајмената реплика од „Once upon a time“ серијалот на ABC Studios, ќе Ве остави делумно збунети бидејќи The Mad Hatter вели:
„Знаете што е проблемот со овој свет? Секој од нас бара магично решение за своите проблеми и истовремено секој еден од нас одбива да верува во бајки!“