Пријавете се за турнеја за новото истражување за енигмата наречена Шекспир под форма на апликација на Универзитетот Кембриџ, како поддршка на литературните вредности. Во оваа прилика, е-изданијата на „Ромео и Јулија“ и „Магбет“ се обработени на начин на кој на Вас Ви се оставени одврзани рацете за да ја истражувате приказната како никогаш порано! Со одлики на е-читање каде на само еден клик се наоѓаат дополнителните објаснувања, синоними, мапи и критики. Посакавте да ја преслушате приказната? Еден клик до аудио-верзијата Ве дели од срцевината на најпознатата љубовна приказна на сите времиња. Конечните верзии се прилагодливи за iPad, со светлечки, визуелни и корисни перформанси, како и аудио поддржано од Кејт Бекинселј, Мајкл Шин и Фиона Шо. Колку и да ги сакате традиционалните форми на читање, оваа апликација дефинитивно ќе Ве остави без здив.