Погледни во небото, тоа е далеку ама кај и да си можеш да го видиш – исто како љубовта на далечина, далеку еден од друг, но љубовта постои.
Погледни во земјата, таа е баш под тебе, можеш да ја допреш, да ја почувствуваш, ти дава сигурност… таа е дом на најубавите цвеќиња – исто како љубовта меѓу двајца разделени. Постои, ја чуствуваат, им дава храброст да се борат еден за друг, очекувајќи да се појави најубавото цвеќе.
Погледни во морето, длабоко, сино и изгледа бесконечно – исто како вистинската љубов; искрена, длабока и бесконечна.
Погледни во реката, загадена, брза, се губи во хоризонтот – исто како заљубеноста, доаѓа и поминува.
Погледни во сонцето, силно, жолто, носи топлина со себе – исто како родителската љубов, најсилна, најтрајна, која го грее сечие срце.
Погледни во своето срце, таму ќе ги видиш твоето небо, земја, море, река, сонце… секое од нив си има свое место.